Истражувања
На Градиште во Кнежје досега се вршени повеќе археолошки интервенции. Најчесто се работело за сондажни, односно контролни ископувања на различни позиции на Градиштето. Систематските истражувања главно се вршат на акрополот од 2008 година и сеуште се во тек.
Резултати од истражувања
Истражувањата на акрополниот дел на Билазора открија низа наоди погодни за решавање на хронолошките прашања. Меѓу другото, овозможија документирање на основните развојни етапи или фази на употреба на дадениот простор.