Од 2013 година истражувањата на акрополот продолжија како проект на Народниот Музеј – Свети Николе во соработка со Институтутот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Систематски се ископуваше и сè уште се ископува
јужната половина на акрополот, каде, меѓу другото, e откриeна засега најрепрезентативната и секако најзначајна градба во градот, т.н. Владетелска палата.

2013 – 2015 – Детални систематски истражувања, капитален проект на УЗКН и Министерството за култура, заеднички проект на ОУ Народен музеј – Свети Николе и Филозофски факултет – Скопје, под раководство на Драги Митревски

2016 – Проект од национален интерес на Министерството за култура, заеднички проект на ОУ Народен музеј – Свети Николе и Филозофски факултет – Скопје, под раководство на Драги Митревски