Во 2008 година конечно биле создадени услови за пообемни истражувања. Се работело во рамки на заедничкиот американско – македонски проект, реализиран од Народниот Музеј – Свети Николе и Тексашката фондација за археолошки и историски истражувања. Континуирано се истражувал главно, просторот на акрополот, со што биле oткриени делови од повеќе јавни градби, кои го експонираа акрополот како централен, управно-занаетчиски простор на градот.

2008 – 2012 – Ископувања на акрополот, заедничка македонско – американска соработка, под раководство на С. Данев и В. Најдингер