Промоција на книгата “Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци” од Проф. д-р Драги Митревски

Денес во амфитеатарот на Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин” во Свети Николе се одржа промоцијата на книгата “Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци” од Проф. д-р Драги Митревски. Издавач на книгата е Општинската Установа Народен Музеј – Свети Николе, а ко-издавач МСУ “Г. Р. Державин”. На промоцијата беа присутни повеќе научници, претставници на институциите, како и многу заинтересирани граѓани. Кон присутните се обратија министерската за култура, Елизабета Канческа Милевска, аташето за култура од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Михаил Лушин, директорот на Народниот Музеј на Свети Николе, Александар Арсов, градоначалникот на Општина Свети Николе, Зоран Тасев и д-р Јордан Ѓорчев, основач на Меѓународниот Славјански Универзитет. Со свое обраќање, авторот на книгата “Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци”, Проф. д-р Драги Митревски, се заблагодари на посетителите и надлежните институции и најави уште многу откритија од овој локалитет, кој е најрепрезентативен од сите пронајдени локалитети од тој период не само на Балканот, туку и пошироко. На промоцијата беше промовиран и официјалниот веб – сајт www.bylazora.mk. Истражувањата од годинава се капитален проект од национален интерес на Владата на Република Македонија.По промоцијата, министерката за култура и останатите претставници на институциите го посетија локалитетот Билазора. Оваа книга претставува неопходно сумирање на основните резултати од досегашните археолошки истражувања, како научна провокација но и патоказ за идните истражувања.

DSC00031